Шок во јавноста во Хрватска, откако проструи информацијата дека искусниот Андреј Крамариќ нема да се појави на собирот на селекторот Славен Билиќ в понеделник по повод, репрезентативниот Лига на Нации прозорец.
Голгетерот на Хофенхајм, и најјефикасниот репрезентативец во последните неколку години на Хрватска, лично му се јавил на селекторот и му откажал за овој собир.
Сега, цела Хрватска се прашува дали е ова само моментално, или пак Андреј Крамариќ дефинитивно решил повеќе да не настапува за националниот тим.
Се чека понеделник, па селекторот Билиќ и јавно да ја потврди оваа информација, и секако да даде објаснување.










