Тетковото 13. коло од домашниот ПМФЛ шампионат, викендов ќе го одбележи дерби дуелот помеѓу екипите на Струга ТЛ и Шкендија. Истото се игра утре до 12:00 часот, и е во фокусот на јавноста.
Како најава од страна на тетовци на овој дуел, оди изјавата на офанзивецот Алмир Криезиу, кој што вели дека ова е уште една можност да се покаже квалитетот на екипата оваа сезона.
„Навистина, ваквите дерби натпревари се посебни за сите играчи. Со нетрпение се чека на настап. Мотивацијата доаѓа природно, со оглед на тоа што станува збор за дуел со голем влог помеѓу првопласираната и второпласираната екипа, па верувам дека мотивацијата е едноставно вградена во самиот натпревар. Сметам дека, покрај физичката подготовка, од суштинско значење е и психолошката подготовка. Едно дерби може да биде одлучено од најситни детали, затоа мораме да останеме мотивирани и да го дадеме својот максимум до самиот крај“ – рече Криезиу па додава.
„Мислам дека ова ќе биде одличен спектакл за навивачите. Ние сме лидери во лигата, но и Струга прикажува многу силни игри. Веќе ги победивме еднаш оваа сезона, но Струга игра добро во последно време – во добра форма се – па очекувам навистина одличен натпревар. Вреди да се напомене дека се среќаваат двете екипи кои покажаа најмногу во текот на овој дел од првенството, и мораме да дадеме сè од себе за да го оправдаме епитетот ’дерби‘.“ – вели играчот на Шкендија.















