Пред 30 години падна Реал Мадрид, денеска МЗТ Скопје е тажна слика во Европа!

186

Денеска МЗТ Скопје одбележува 30 години од победата над големиот Реал Мадрид, кој падна во Аеродром. Жељко Обрадовиќ, Дејан Бодирога и останатите ѕвезди на „кралскиот клуб“ со наведнати глави ја напуштија култната „Лименка“, совладани од четата предводена од тренерот Александар Књазев.

Прецизно изведените слободни фрлања на Перо Блажевски и антологиските зборови „Тишина е потребна…“ на легендарниот коментатор Љубомир Николовски засекогаш остануваат врежани во сеќавањето како еден од најголемите моменти во историјата на МЗТ Скопје.

Оваа историја останува за гордост, но сегашноста на тимот од Аеродром во Европа е сосема поинаква – тажна слика. Актуелниот македонски шампион се претвори во „боксерска вреќа“. Оваа сезона во ФИБА Еврокупот има пет порази во исто толку одиграни натпревари, а за ситуацијата да биде уште потешка, со пораз ја започна и авантурата во АБА2-лигата.

Тоа значи дека на меѓународната сцена МЗТ Скопје има шест порази.

Кај МЗТ Скопје, се чини, важи непопуларното правило – важно е да се учествува, а не да се победува. Притоа, како да се заборава дека овој клуб е огледало на македонската кошарка надвор од границите на нашата земја и дека неговите резултати не се само негова лична слика, туку и слика на целата македонска кошарка.

ПретходноМоника Стојковска: Спортот е една од најдобрите инвестиции во сопственото тело и ум!
СледноРафиња: Сакам да бидам запаметен по трофеите