Денеска од 13 часот на програмата се сите седум натпревари од 11.коло во ВМФЛ. Нема дерби во ова коло, секако дека ќе биде интересно. Работнички му гостува на Осогово и посакува само победа и три бода како го задржал чекорот со водечките Охрид и Пелистер.
Лидерот, тимот на Охрид дома игра со Камјани, секако дека нема да му лесно ако се знае дебитантот досега е најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната.
Пелистер гостува во Гевгелија кај Кожуф. Интересно е тоа што битолчани ќе му гостуваат на тимот кој е предводен од Вангел Алтипармаковски, битолчанец, кој до пред некој месец беше во стручниот штаб на Пелистер.
ДВОЈКИ ЗА 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
Охрид: Охрид – Камјани
Струмица: Беласица – Шкупи
Кочани: Осогово – Работнички
Новаци: Новаци – Македонија ЃП
Радовиш: Детонит – Брера
Гевгелија: Кожуф – Пелистер
Тетово: Тетекс – Еуромилк
ТАБЕЛА
Охрид 25, Пелистер 24, Работнички (-1) 21, Брера (-1) 18, Камјани 17, Тетекс 13, Беласица 13, Кожуф 13, Македонија ЃП 12, Детонит 9, Новаци 8, Еуромилк 7, Осогово 7, Шкупи 0.










