Димитријевиќ фантастичен во победата над Лефкадас

78

Македонскиот кошаркарски репрезентативец и интернационалец Ненад Димитријевиќ со фантастичен настап за својот тим Арис во победата над Лефкадас со конечни 77:88.

Димитријевиќ успеа да стигне до 25 поени на овој меч, и да биде најефикасен во гостинскиот триумф. На ова додаде и четири скока и пет асистенции.

Со оваа победа Арис е лидер на табелата по шест кола во домашниот шампионат на Грција.

Арис предводен од Димитријевиќ сезонава стигна до шест победи и само еден пораз, односно досега единаесет поени на контото.

 

ПретходноНестор не застанува, погоди против Горица (ВИДЕО)
СледноФФМ: ВАР денеска успешно реагираше пет пати