Кожуф го сопре Пелистер во Гевгелија, Охрид и Работнички со сигурни победи

165

Денешното 12. коло од ВМФЛ шампионатот го одбележа секако одличното издание на тимот на Кожуф, предводен од тренерот Вангел Алтипармаковски кој што на свој терен во Гевгелија, одигра 1:1 против фаворизираниот тим на Пелистер.

Иако гостите стигна до предност со голот на искусниот Кире Ристевски, сепак, во второто полувреме, домашните успеаа со ефектен гол кој што слободно може да се запише и како автогол на гостинскиот голман да дојдат до израмнување. Кожуф потоа со стрплива игра успеа да стигне до сосема заслужено реми на овој меч.

Работнички пак немаше проблеми на гостувањето кај Осогово и победи со 3:0. Речиси идентично, тимот на Охрид пак на свој терен со 4:0 освои три бода против Камјани.

Тетекс немаше проблеми во дуелот со Еуромилк и извојува исто така победа од 4:0, додека пак, Новаци пред своите гледачи триумфираше над Македонија ЃП со 2:0. Тимот на Детонит пак ја изненади Брера и ја победи со 1:0.
Беласица немаше проблеми против Шкупи на свој терен и го победи со конечни 2:0.

 

 

ПретходноКадетите подобри од Косово на Регионалниот Челинџ Куп У16
СледноЛидс со минимален триумф против Тотенхем