Одличен настап и финале на Марко Алексовски на турнирот во Атина

56

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) постигна одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Тој во сингл конкуренција играше во финалето, додека во конкуренција на двојки заедно со Матеј Попов претрпеа несреќен пораз во полуфиналето.

Во финалниот меч денеска Алексовски (втор носител) загуби од првиот носител Маринос Карниатис од Грција (прв носител) со 2-0 во сетови (62 63). Претходно Марко успеа да ги совлада Марко Мастропаскана (Италија) 2-0 во сетови (62 61), во второто коло беше совладан Момчил Марков (Бугарија) 2-0 во сетови (61 61); четвртфинале – Кеи Ичикава (Јапонија) 2-1 во сетови (63 16 62) и во полуфиналето го победи четвртиот носител Херман Кравченко (Украина) 2-0 во сетови (63 75).

Во конкуренција на двојки Алексовски и Попов во полуфиналето загубија од Кеи Ичикава и Феликс Рејман (Германија) 2-1 во сетови, во решавачкиот беше 11-9 на поени за ривалите.

Солиден турнир одигра и Матеј Попов кој откако успешно ги мина квалификациите три победи, во првата рунда го совлада Димитрос Мелисоглу од Грција со 2-0 во сетови, а загуби од Оливер Венерстад од Шведска со 2-0 во сетови.

Турнирот се играше на терените на Олимпискиот центар во Атина, каде во 2004 година се играа мечевите од Олимписките игри.

ПретходноСензација во Цеље: Словенија поразена од Израел!
Следно„Шумарите“ победнички против Сити на радост на Арсенал