ФФМ: ВАР денеска успешно реагираше пет пати

264

Денешниот ПМФЛ ден го означија двата дерби дуела помеѓу екипите на Струга ТЛ и Шкендија односно Силекс  и Вардар.

Резултатот е домашна победа на стружани, односно гостински три бода на тимот на Вардар.

Од друга страна пак, ФФМ предмалку излезе со комплетен извештај околу ВАР одлуките на двата дуела, а ги имапе поприлично.

ФК СТРУГА Трим Лум– ФК ШКЕНДИЈА

2.минута – Главниот судија досуди пенал за екипата на Шкендија поради наводен контакт меѓу напаѓачот и противничкиот одбранбен играч. По ВАР-интервенцијата, судијата беше повикан на прегледување на снимката покрај теренот, при што утврди дека немало контакт што би претставувал прекршок. Следуваше правилна одлука за поништување на досудениот пенал.

89.минута – По нафрлена топка, одбранбениот играч на Струга играше со глава, по што топката директно се одби од неговата глава и го погоди во раката. Главниот судија првично досуди пенал за Шкендија, но по ВАР-интервенцијата и прегледувањето на снимката покрај теренот, правилно ја промени својата одлука. Согласно Правилата на фудбалската игра, кога топката директно се одбива од главата или телото на играчот во неговата рака, без дополнителни елементи за прекршок со играње со рака, не се досудува пенал. Одлуката за поништување на пеналот беше целосно исправна.

ФК СИЛЕКС – ФК ВАРДАР

28.минута – Исправно беше поништен голот на екипата на Силекс поради офсајд позиција на играчот кој му ја додаде топката на стрелецот. ВАР интервенцијата беше целосно оправдана и успешно реализирана.

47.минута – Постигнатиот гол на екипата на Вардар беше регуларен. Играчот кој ја упати асистенцијата, како и стрелецот на голот, се наоѓаа во дозволена позиција, без елементи на офсајд. ВАР проверката беше правилно спроведена, а голот оправдано беше потврден.

87.минута – Повторно беше исправно поништен голот на екипата на Силекс поради очигледна офсајд позиција на играчот кој го постигна голот. ВАР интервенцијата беше оправдана и правилна.

На двата натпревара ВАР системот одигра значајна улога во обезбедувањето точни и правилни судиски одлуки. Вкупно беа регистрирани пет значајни ВАР ситуации, од кои две се однесуваа на правилно поништени пенали, а три на ситуации поврзани со офсајд, при што две беа исправно поништени голови на Силекс, а еден регуларен гол на Вардар беше потврден.

Сите пет ВАР интервенции беа оправдани и успешно реализирани. Со тоа уште еднаш се потврди значењето на ВАР-технологијата како важен инструмент за зголемување на точноста, транспарентноста и правичноста во судењето.

Општата оценка е дека ВАР-тимовите на двата натпревара ја завршија својата задача на високо професионално ниво.

https://www.ffm.mk/%d0%bf%d0%b5%d1%82-%d1%83%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%88%d0%bd%d0%b8-%d0%b2%d0%b0%d1%80-%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%bf%d1%80%d0%b5/?fbclid=IwY2xjawVcI6BleHRuA2FlbQIxMABwZG9mBWJyaWQRMTNYOFRFQTc2c3lieFJ6eU5zcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEfV2nKrTSaExhMqQnaQhJx3l42m8z2GgoiJb-aSvf3asUhl5f3k6yd-44ZaZg_aem_RvzLlo0JahZilFBNHNQvvA

ПретходноДимитријевиќ фантастичен во победата над Лефкадас
СледноНесторовски не знае што е старост… двоен стрелец во победата на Славен во Горица (ВИДЕО)