Еве како играчите на Галатасарај им се потсмеваа на таблоидите! (ВИДЕО)

112
ФОТО:printscreen

Галатасарај вчера успеа да слави против Амедспор со 4:3, а наијнтересно беше по првиот гол на турскиот гигант чиј стрелец беше Леао а асистент Тореира. Домашните како за инает им се постмеваа на тамошните таблоиди.

Исмаил Јакобс, фудбалер на Галатасарај, се најде во центарот на контроверзиите во Турција по ноќното излегување по победата над Штутгарт (2:0) во Лигата на шампионите.
Според медиумските извештаи, Јакобс излегол во ноќен клуб во истанбулската населба Етилер. Неговиот соиграч Лукас Тореира бил со него.
На социјалните мрежи се појавија тврдења дека фудбалерите посетиле геј клуб. Снимки од нивното излегување почнаа да циркулираат на интернет, а Јакобс беше фатен како се обидува да го скрие лицето од фотографите со навлекување маица преку главата.
Токму ова видео играчите на Галата решија да го искористат за да го прослават голот. Откако постигнаа 1-0 против Амедспор во седмата минута, Рафаел Леао ги повика останатите од тимот да ги навлечат дресовите преку главите и со тоа да се потсмеваат на таблоидите.
Вака изгледаше тоа.

 

ПретходноСтоле добар, ама овој Реал е страшен!
СледноСтеф Кари ја урна магијата во Орландо и ги остави зад себе Џордан и Леброн (ВИДЕО)