Македонскиот интернационалец и репрезенативец, Лука Станковски е асистент во денешното реми 1:1, на неговиот тим Колос на гостувањето кај тимот на Буковјна.
Офанзивецот одлично реагираше во акцијата во која што имаше удел на два пати и во која што од тешка позиција успеа да асистира за стрелецот на голот, Денис Ндукве.
Станковски во последните седум мечеви на својот тим има полна минутажа, и забележа гол, а еве сега и асистенција.
Тој како и во минатиот репрезенаттивен прозорец и овојпат е на списокот на селекторот Гоце Седлоски, за мечевите против Шкотска односно Словенија во рамките од Лигата на Нациите.










