Денвер има сериозен проблем: Се повреди Јокиќ!

53
фото: Denver Nuggets (X)

Српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ е меѓу повредените кошаркари на Денвер Нагетс пред натпреварот против Хјустон Рокетс. Српскиот центар, кој е клучен играч во тимот на Денвер, се најде на листата на повредени заедно со уште неколкумина стандардни првотимци.

Ситуацијата е дополнително комплицирана поради проблемите со патувањето на Денвер од Мексико Сити, каде што тимот настапи во саботата. Поради дефект на авионот, експедицијата имала значително доцнење при враќањето во САД.

Покрај Јокиќ, под знак прашалник се и настапите на Џамал Мареј, Арон Гордон, Кристијан Браун и Камерон Џонсон, односно целата стартна петорка. Неизвесен е и Демар Дерозан, додека Џулијан Стротер сигурно ќе го пропушти натпреварот поради повреда на левото колено.

Дуелот Хјустон – Денвер е закажан за вечерва.

ПретходноСедлоски денеска ја собира репрезентацијата во Скопје
СледноЕва Митевска со историски успех на Младинските олимписки игри