Манчестер Ј. израмни анти-рекорд стар 73 години

56
фото: Manchester United (X)

Манчестер Јунајтед повтори неславен историски рекорд во англискиот фудбал, кој претходно беше забележан пред дури 73 години. По ремито 4:4 против Астон Вила во 10. коло од Премиер-лигата, „црвените ѓаволи“ станаа првиот тим од англиската елита по сезоната 1953/54 кој, откако претходната сезона завршил меѓу најдобрите три, забележал само една победа на првите десет натпревари во новото првенство.

Последен пат ваков негативен старт имал Арсенал во сезоната 1953/54, откако претходно ја освоил шампионската титула. Манчестер Јунајтед во актуелната сезона има само осум бодови од десет натпревари и се наоѓа на 18. место на табелата, во зоната за испаѓање.

Дополнителен показател за кризата е и податокот дека тимот има примено 30 голови во сите натпреварувања, најмногу меѓу клубовите од петте најсилни европски лиги.

ПретходноНаковски волеј го доби дербито со Газели волеј за продолжување на победничката серија
СледноСелекторот на Шкотска принуден да направи промена во составот за мечот со Македонија