Македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше собирот по повод последните два дуела од Лигата на Нациите Б дивизија против Шкотска на гости односно Словенија на домашен терен.
Селекторот Гоце Седлоски ги повика оние репрезентативци на кои смета дека во моментов можат да помогнат во насока на остварување на првиот позитивен резултат во оваа кампања. На осум натпревари нема ниту победа, ниту пак постигнат гол.
Има секако неколку нови измени, пред се одусуството на Бојан Миовски за кој што селекторот одлучи дека ете во моментов не треба да е дел од националниот тим поради слаба клупска минутажа. Марко Ѓорѓиевски доби премиерен национален повик.
Македонија во петок (13.11) гостува на Шкотска, три дена подоцна е дуелот со Словенија дома.










