МТЕЛ СУПЕРЛИГА – ПЕТОРКА НА 6. КОЛО: Гуден со еден индексен поен повеќе пред Сила

25

Петмина кошаркари кои оставија силен индивидуален белег во натпреварите од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата.

Камерон Гуден од МКК Куманово е најкорисниот играч на колото, со индексни 33 поени.

КАМЕРОН ГУДЕН (МКК КУМАНОВО)

И покрај тоа што неговиот одличен индивидуален настап не беше доволен за МКК Куманово да стигне до победа на гостувањето кај ТФТ, Камерон Гуден беше најкорисниот играч во ова коло. Ги одигра сите 40 минути и постигна 33 поени, со реализација од 3/5 за три, 9/12 за два и 3/5 од линијата за слободни фрлања. Додаде и шест скока, две асистенции и една освоена топка, за највисок индекс на корисност – 33.

СЕКОУ СИЛА (ТФТ)

Крилниот играч на ТФТ имаше извонредно издание во победата над МКК Куманово. За нешто повеќе од 33 минути на теренот постигна 27 поени, со 4/7 за три, 5/6 за два и максимални 5/5 од линијата за слободни фрлања. Забележа и 12 скока, две асистенции и една освоена топка. Шесте загубени топки влијаеја врз неговиот конечен индекс на корисност, кој изнесуваше 32.

МАРЛАНД ХЕРИС (СТРУМИЦА 2001)

И покрај поразот на Струмица 2001 од Тиквеш Голден Игл, Марланд Херис имаше одличен индивидуален настап. Постигна 19 поени, со 9/14 во обидите за два поени и 1/2 од линијата за слободни фрлања. Беше особено доминантен под обрачите, со 16 скока, од кои шест офанзивни. Додаде и по една асистенција, освоена и загубена топка, како и една блокада, за 31 индексен поен.

ЕМИР КРАЈИНИЌ (МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ)

Центарот на МЗТ Скопје Аеродром одигра речиси перфектен натпревар против градскиот ривал Скопје. Крајиниќ ги реализираше сите обиди за шут – 8/8 за два поени и 4/4 од линијата за слободни фрлања. На тоа додаде осум скока, од кои четири офанзивни, по една асистенција, освоена и загубена топка, како и една блокада. Неговиот учинок беше вреднуван со индекс 29.

РОБЕРТ РИКИЌ (РАБОТНИЧКИ)

Стартниот центар на Работнички беше прв стрелец на својот тим во победата над Кожув, со која скопскиот состав ја продолжи победничката серија на шест натпревари. Рикиќ реализираше 27 поени, со 9/12 за два поени, една погодена тројка и 6/9 од линијата за слободни фрлања. Забележа и седум скока, три асистенции и по две освоени и загубени топки, за индекс на корисност 29.

ПРВА ПЕТОРКА

Камерон Гуден (МКК Куманово)

Секоу Сила (ТФТ)

Марланд Херис (Струмица 2001)

Емир Крајиниќ (МЗТ Скопје А)

Роберт Рикиќ (Работнички)

ВТОРА ПЕТОРКА

Андрија Стевановиќ (МКК Куманово)

Накавион Вајт (ТФТ)

Давион Сукс (Тиквеш Голден Игл)

Тедерик Волф (Тиквеш Голден Игл)

Страхил Николов (ТФТ)

ПретходноМурињо му испратил фотографија на Кукуреља, вакво нешто не очекувал ниту во сон!
СледноСања Адамовска: „Имаме натпреварувачки дух, верувам дека секоја од нас ќе го даде својот максимум“