Нов пресврт на „Олд Трафорд“: Карик заминува пред големото дерби!

407
фото: Manchester Utd (X)

Мајкл Карик на чудесен начин успеа во последен момент да преживее на дуелите со Рома во Лигата на шампионите (победа од 3:2 по негатива до 83. минута) и со Астон Вила во Премиер лигата (реми 4:4, откако неговиот тим губеше со два гола разлика до втората минута од судиското продолжение), но тоа очигледно нема да биде доволно за да ја задржи тренерската позиција во Манчестер Јунајтед.

И покрај драматичното израмнување на Зиркзе и Доргу во судиското продолжение против Астон Вила, Јунајтед и понатаму се наоѓа во зоната за испаѓање во Премиер лигата. Тимот има само осум бода и една победа по десет одиграни кола.

Токму поради тоа, според информациите на угледниот „Атлетик“, разделбата меѓу „црвените ѓаволи“ и Карик е речиси сигурна. Иако сè уште нема официјална потврда, медиумот наведува дека неговото заминување е само прашање на време, а раководството веќе активно бара нов тренер.

Интересно е што истиот медиум вчера попладне објави информации дека Карик најверојатно ќе остане на клупата на Јунајтед.

Сега ситуацијата е поинаква. Според најновите информации, челниците на клубот планираат двонеделната пауза за репрезентативни натпревари да ја искористат за назначување нов менаџер, кој би го предводел тимот на големото дерби против Ливерпул, закажано за 22 ноември.

Како главен фаворит за жешкото тренерско столче на „Олд Трафорд“ се споменува селекторот на репрезентацијата на САД, Маурисио Почетино. Високо на листата со желби се и поранешниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, како и досегашниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман.

Во британските медиуми во изминатите денови се споменуваше и името на Унаи Емери, но неговото заминување од Астон Вила во моментов се смета за малку веројатно.

Да потсетиме, Карик го презеде Јунајтед на почетокот од оваа година како привремено решение по разделбата со Рубен Аморим. Успеа брзо да го разбуди тимот, забележувајќи победи против Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Челси, што му донесе и долгорочен договор.

Минатата сезона „црвените ѓаволи“ ја завршија на третото место и обезбедија пласман во Лигата на шампионите, но оваа сезона ситуацијата целосно се промени и клубот повторно влезе во сериозна криза.

Пресвртни моменти беа поразот од Комо со 1:4 во Лигата на шампионите и убедливиот пораз од Борнмут со 0:3 во Премиер лигата, и тоа на „Олд Трафорд“, на крајот од октомври. Уште тогаш почнаа шпекулациите дека Карик нема долго да се задржи на клупата.

Така, по Аморим и Тен Хаг, Карик би можел да биде трет тренер кој не успеал да го стабилизира англискиот гигант, и покрај довербата и поддршката од компанијата ИНЕОС и малцинскиот сопственик Сер Џим Ретклиф.

Како и да се развива ситуацијата, на „Олд Трафорд“ очигледно претстојат бурни денови, не само на тренерски план, туку и на сопственичко ниво.

ПретходноВардар соопшти кој може да го следи дуелот со Алкалоид!
СледноМурињо му испратил фотографија на Кукуреља, вакво нешто не очекувал ниту во сон!