Викендов нема да има прволигашки фудбал со оглед на тоа дека нашата репрезентација има дуели во Б Лигата на Нации против Шкотска (петок) и Словенија (понеделник), па така натпреварите од тековната сезона со 14.коло продолжуваат наредниот викенд.
Од она што може да се види на распоредот на ФФМ, Вардар по цели три месеци се враќа на Арената “Тодор Проески“. Имено дербито со Тиквеш од 14.коло е закажано за 21 ноември и тоа на нашиот најголем стадион од 13 часот.
Да се потсетиме дека Вардар последен пат беше домаќин на Арената на 24 август кога славеше против Силекс со 4:1.
Ова менување на стадионот доаѓа откако Вардар на последните два меча како домаќин на ФФМ забележа два порази, со Тиквеш во Купот (1:3) и со Струга ТЛ (0:1) во првенството. Познато е дека потоа куп дуелот со Тиквеш го доби со службени 3:0.
Веројатно во раководството на Вардар сметаат дека на ФФМ ги тера малер, па се одлучија да играат на Арената “Тодор Проески“ против одличниот Тиквеш.















