У-21: Македонија се подготвува за контролата со Србија

0

Нашата У-21 репрезентација предводена од селекторот Александар Таневски, ги започна подготовките за пријателската средба со Србија. Овој меч се игра на 12 ноември на стадионот “Караѓорѓе“ во Нови Сад.

Како што нагласи селекторот Таневски пред неколку дена, иако станува збор за пријателски натпревар, за него и неговите избраници овој меч е од големо значење.Целта е да види каква е моменталната форма на повиканите млади играчи, да се види и како ќе се функционира против силен противник се со цел да се добие јасна слика на работите на кои треба да им се посвети внимание во периодот што следува.

ПретходноКК Работнички повторно казнет за плукање, КК Скопје ќе плати 500 евра за неинтонирање на химната