Каква машина – Ристиќ со хет-трик ја урна Унгарија за голем пресврт и голема победа!

1

Македонската репрезентација до 17. години нна фантастичен начин го започна квалификацискиот турнир кој што се игра во Турција. Нашите надежи предмалку во огромен пресврт откако губеа со 2:0, обезбедија огромна победа од 2:3.

Херој на нашиот национален состав е Стефан Ристиќ кој што ги постигна за Македонија сите три гола.

Откако во првиот дел Хорват уште во осмата минута реализираше за Унгарија, Македонија многу бргу падна во негатива. Фаркаш во 48. минута зголеми на 0:2, а потоа на сцена стапува првиот напаѓач на нашиот национален тим.

Најпрво во 56. минута на асистенција на Павлов, Ристиќ намалува на 1:2, за да во 86. минута по додавањето на Николов, израмни на 2:2.

Херојскиот, победнички погодок за Македонија, Стефан Ристиќ го постигна во четвртата минута од продолжението на асистенција на Недановски.

Сега, по овој огромен триумф Македонија има одлични шанси за да се пласира во следната фаза, каде што одат двете првопласирани репрезентации од групата.

Тука се уште и домаќинот Турција, односно Сан Марино.

Македонија: Мемети, Акики, Масев, Аксентиев, Павлов, Адеми, Сивевски, Полимац, Велевски, Крстевски, Ристиќ

Играа уште: Николов, Полимац, Бочески, Недановски, Ѓоргиоски

ПретходноСелекторот Петровски одреди 12 кошаркарки за натпреварот против Романија