МЗТ Скопје немаше шанси ни на гостувањето кај Ираклис

40
фото: fiba.basketball

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром доживеа уште еден убедлив пораз во ФИБА Европа купот. На гостувањето кај Ираклис во шестото коло од групната фаза, грчкиот состав славеше со 103:73, во натпревар во кој уште од првата четвртина ја презеде контролата и постепено ја зголемуваше предноста.

Ираклис го доби првиот период со 29:17, а на полувремето имаше предност од 12 поени (47:35). Во второто полувреме разликата дополнително растеше, па домашните кошаркари стигнаа до убедлив триумф од 30 поени.

Во редовите на МЗТ, најефикасен беше Емир Крајниќ со 17 поени и 10 скока, додека Лесли Варнер постигна 15. Кај Ираклис, Хорчелер запиша 19, а Леке, 18 поени.

По овој пораз, МЗТ Скопје останува закован на дното на табелата во својата група.

ПретходноПознати противниците на селекциите до 20 години во втората рунда од евро-квалификациите
СледноБерово ја претставува Македонија на ЕП во Турција