Михаил Оченаш од Словачка е одреден за главен судија за дуелот во Глазгов од Б Лигата на Нации меѓу Шкотска и Македонија кој се игра во петок од 20:45 часот.
Словакот со необично презиме веќе и судел на Македонија како ВАР судија пред три години на средбата со Англија во Скопје кога беше 1:1.
Негови помошници на “Хемпден Парк“ ќе бидат Адам Јекел, Тобиаш Пачак и Борис Марфетка, сите од Словачка. Додека во ВАР собата ќе бидат Алан Кијас и Харалд Лечнер од Австрија.
Да потсетиме дека на минатите четири меча нашата репрезентацијаа предводена од Гоце Седлоски забележа четири порази и тоа без постигнат гол.










