Блатер за Инфантино: Тој треба да заврши на психијатрија!

30
фото: maisfutebol @maisfutebol (X)

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, упати остри критики кон својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор и оценувајќи дека го загубил чувството за граници во управувањето со светската фудбалска организација.

Во интервју за германскиот магазин „Шпигел“, 90-годишниот Блатер особено ја критикуваше одлуката на Инфантино да му ја додели наградата за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, како и неговиот план за продажба на дел од комерцијалните права за идните светски првенства, кој подоцна беше повлечен по бројните реакции.

„ФИФА страда. Со неа моментално раководи човек кој дозволил да биде заслепен“, изјави Блатер, додавајќи дека доделувањето на наградата за мир на Трамп било срамно.

„Инфантино повеќе не познава граници. Можеби еден ден треба да биде испратен во психијатриска установа“, порача Блатер.

ПретходноАмериканците подготвуваат „бомба“: Ако Покетино замине, доаѓа Пеп?!