„Не е фер да го отпишуваат Новак Ѓоковиќ“

0
ФОТО:.facebook.com/RolandGarros/

Поранешниот американски тенисер Џон Изнер не се согласува со тврдењето на својот сонародник Стив Џонсон дека Новак Ѓоковиќ повеќе не е конкурентен за освојување на најголемите турнири.

Иако признава дека годините сè повеќе влијаат врз резултатите на 39-годишниот Србин, Изнер смета дека не треба да биде отпишан пред Австралија опен.

Џонсон, поранешниот 21. тенисер во светот, во подкастот „Nothing Major“ изнесе прилично песимистичка прогноза за продолжението на кариерата на Ѓоковиќ.

„Ќе бидам искрен, бев оптимист кога станува збор за Новак во текот на изминатите неколку недели, но сега за мене работите се официјални – Ѓоковиќ повеќе не е во конкуренција за освојување на ниту еден голем турнир“, порача Џонсон.

Изнер, сепак, смета дека таквиот заклучок е избрзан, особено ако се има предвид дека Ѓоковиќ и понатаму може да го подигне нивото на својата игра на турнирите што му се најголем приоритет.

„Не мислам дека тоа е фер. Сметам дека на тие години е тешко да се врзат добри резултати. Тоа го видовме за време на азиската турнеја. На 39 години телото едноставно повеќе не може да го издржи сето она што можело порано, дури ни телото на Новак. Но, кога ќе се фокусирате на еден турнир, кога сте целосно посветени на него и кога имате многу адреналин, ситуацијата може да биде поинаква“, објасни Американецот.

Поранешниот осми тенисер во светот не го отфрли целосно мислењето на Џонсон, но потсети дека Ѓоковиќ наскоро се враќа на турнирот на кој ги оствари најголемите успеси во кариерата.

„Тоа што го зборуваш воопшто не е бесмислено, иако не мислам дека е точно. Сепак, би сакал малку да ја ублажам твојата изјава, бидејќи Новак за два месеци ќе игра на својот омилен грен-слем турнир, во Австралија“, заклучи Изнер.

Ѓоковиќ во текот на кариерата дури десет пати го освојуваше Австралија опен, а токму Мелбурн, на почетокот на 2027 година, ќе биде неговата следна голема можност повторно да се вклучи во борбата за грен-слем трофеј.

ПретходноБерово ја претставува Македонија на ЕП во Турција