Цветанка Димова пред денешниот дуел со Романија: „Очекувам добра и борбена игра“

1

Денеска, во Букурешт (17 ч), Македонија ја очекува првиот натпревар од новиот циклус, во кој нашата селекција ќе се обиде да го започне патот кон Евробаскетот 2029 со добра игра и позитивен резултат.

По извесен период, Цветанка Димова повторно е дел од сениорската женска репрезентација на Македонија, која ги започнува настапите во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029.

Пред македонските кошаркарки е првиот предизвик, гостувањето кај селекцијата на Романија, во среда, а Димова со позитивна енергија и мотив ја очекува новата репрезентативна обврска.Таа посебно ја истакнува енергијата што ја носи подмладениот состав, но и желбата на сите кошаркарки да го дадат максимумот на претстојниот натпревар.

„Мило ми е што повторно сум дел од националниот тим. Имаме подмладен состав, со доста млади и мотивирани играчи, и мислам дека тоа ни носи свежина и енергија. Во пресрет на натпреварот со Романија, верувам дека ќе го дадеме максимумот и очекувам добра и борбена игра“, вели Цветанка Димова, по одработениот последен тренинг пред мечот во салата „Поливалента Рапид“ во главниот романски град.

ПретходноМарко Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може да се врати на посакуваното ниво