Македонија “летна“ за Глазгов! (ФОТО)

99

А-репрезентацијата на Македонија предмалку отпатува за Глазгов каде утре од 20:45 часот на “Хемпден Парк“ ќе ги одмери силите против домашната селекција на Шкотска. Се отпатув со чартер – лет. Инаку предвидено е вечерва фудбалерите да тренираат на теренот на “Хемпден Парк“, а селекторот Гоце Седлоски и еден од играчите да дадат свои изјави на прес – конференција.

Колку за потсетување, Македонија во изминатите 4 кола во групата во Б Лигата на Нации, забележа четири порази и тоа без постигнат гол.

Да се надеваме дека утре во Глазгов барем ќе му се израдуваме на првиот погодок во овој циклус.

ПретходноМрме се потсети на 12.11.2020: Денот кога сонот стана реалност!(ФОТО)
СледноИгор Карачиќ: Во Вардар ми должеа 15-18 плати, морав да барам пари од татко ми!