Македонија со 9 судии на листата на АБА лигата

51

Дури девет македонски кошаркарски судии се најдоа на конечниот список од 55 арбитри кои ќе ја делат правдата во АБА-лигата во сезоната 2026/27. Со тоа, Македонија е меѓу најзастапените земји во регионалното натпреварување, веднаш зад Босна и Херцеговина и Црна Гора.

На списокот се Боро Антовски, Александар Давидов, Никола Јакимовски, Марио Маџоски, Владимир Михајловиќ, Петар Петровски, Стефан Ристовски, Игор Темелков и Дејан Зафировски.

Најбројни се арбитрите од Босна и Херцеговина со 13, пред Црна Гора со 10, додека зад Македонија следува Хрватска со шест судии. Конечниот список беше објавен во пресрет на натпреварите од осмото коло, а на него се наоѓаат вкупно 55 судии.

Претходно„Л’Екип“: Мбапе и Конате го убедуваат Олисе да се пресели во Реал
СледноКерик лут на раководството на Јунајтед: Последен дознал за отказот!