Мрме се потсети на 12.11.2020: Денот кога сонот стана реалност!(ФОТО)

187

На денешен ден пред шест години, на 12 ноември 2020 Македонија со победата над Грзузија среде Тбилиси во баражот славеше со 1:0 со голот на Пандев. Со таа победа нашата А-репрезентација испиша историја, се пласира на ЕП 2021.

По тој повод денеска на своите социјални мрежи се огласи и тогашниот селектор Игор Мрме Ангеловски кој беше еден од најзаслужните за тој фантастичен успех, за пласманот на ЕП.

Еве што напиша Мрме, кој сега е селектор на Таџикистан:
“12.11.2020 — Ден кога сонот стана реалност!

Поминаа 6 години од ноќта во Тбилиси кога ја испишавме најсветлата страница во историјата на македонскиот фудбал.

Горд сум на секој еден фудбалер, на стручниот штаб, на медицинскиот тим и на сите што веруваа во оваа генерација од првиот ден. Покажавме дека со срце, единство и верба во себе, ниту една цел не е недостижна.

Благодарност до цела Македонија за поддршката и емоциите што ќе ги паметиме цел живот“.

ПретходноЗдравко Мамиќ: Имав рак, ме прашуваа уште колку ќе живеам!
СледноМакедонија “летна“ за Глазгов! (ФОТО)