Вчера македонските младински селекции имаа добар ден. Националниот тим до 17 години избори фантастичен резултат на првиот меч од квалификацискиот турнир во Трабзон, Турција, каде што со трите гола на Стефан Ристиќ направи комплетен пресврт против Унгарија и победи со 2:3.
Од друга страна пак, У19 генерацијата на квалификацискиот турнир на кој што сме домаќини на „Кукуш“ во Турново по одлични услови одигра 0:0 против Северна Ирска.
Во насока на младинските селекции, сепак, мора константно да потсетуваме дека дел од потенцијалните наши репрезентативци и натаму настапуваат за други држави.
Па така, играчот на загребска Локомотива, Дино Беадер Трајановски вчера за репрезентацијата на Хрватска беше стрелев во ремито на домашен терен против Летонија. Тој за жал сеуште нема добиено наш повик.
Од друга страна пак, Грегоријан Михајловски, играчот на Сервет, одигра цел натпревар за Швајцарија У18 во победата над Шведска од 2:1.
За разлика до Беадер Трајановски, Михајловски веќе е селектиран од страна на нашата Фудбалска Федерација и има одиграно три мечеви за У16 односно 13 мечеви за У17 селекцијата. Сепак, во овој репрезентативен прозорец беше дел од националниот тим на Швајцарија.










