Откако се игра НБА-лигата, не сме виделе ваков настап. Дури ниту Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, кои во последните пет-шест години соборија речиси сите можни рекорди, не успеале да одиграат натпревар каков што имаше Канингем за Детроит.
Најдобриот кошаркар на Пистонс постигна 52 поени, запиша 11 асистенции и пет скока за точно 48 минути поминати на паркетот. Тој шутираше 12/20 за два поени, 3/5 за три поени и 17/18 од линијата за слободни фрлања, но посебноста на неговиот настап се крие во претпоследната статистичка категорија.
Канингем е првиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој постигнал 50 или повеќе поени и забележал најмалку 10 асистенции на еден натпревар, без притоа да направи ниту една загубена топка. Уште поневеројатно е што на паркетот помина цели 48 минути.
HISTORY FOR CADE 😱
Cade Cunningham is the first player in NBA HISTORY with 50 points, 10 assists and 0 turnovers in a game since individual turnovers were first tracked in 1977-78. https://t.co/9YY2vrlcMf
— ESPN (@espn) November 13, 2026
Со ваков, речиси совршен настап, Детроит не можеше да загуби, иако ниту Вашингтон не се предаваше. Треј Јанг постигна 37 поени, додека Ентони Дејвис и Алекс Сар имаа по 30.
Од другата страна, во дресот на Пистонс, Денис Џенкинс додаде 21 поен, а одличниот Аусар Томпсон оствари трипл-дабл со 17 поени, 11 скока и 11 асистенции.
Резултати
-
Филаделфија – Торонто 123:112
-
Вашингтон – Детроит 140:144
-
Минесота – Далас 133:94
-
Феникс – Шарлот 101:96










