Покрај мечот во Глазгов, во кој Македонија доживеа нов пораз, вечерва се одиграа уште девет меча во Лигата на Нации.
Од нашата група 1 во Б Лигата на Нации, Словенија и Швајварија одиграа без голови. Па така сега Швајцарците и официјално се први во групата.
Во А Лигата на Нации, Германија среде Белград со 3:1 ја победи домашната селекција на Србија. Стрелци на головите беа Бабиќ за домашните, додека Бабиќ (автогол), Вирц и Груда стрелаа за гостите.
Холандија не знаеше за доста против Грција, просто ја распарчи, ја понижи со 7:0. Рејндерс постина хет – трик за 21 минута, а стрелаа и Самервил, Тимбер двапати и Мален.
На останатите мечеви во Ц и Д Лигата на Нации се постигнаа следните резултати:
Молдавија – Казахстан 2:1, Бугарија – Исланд 0:5, Луксембург – Естонија 0:1, Словачка – Ф.Острови 2:2, Андора – Гибралтар 2:0 и Лихтенштајн – Азербејџан 0:1.










