Денеска започнува 55.издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен Гонг“. Една од најголемите спортски манифестации во Македонија со исклучителна голема и богата традиција. Истата ќе се одржи во спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода.
Како што е познато на турнирот ќе настапат 89 боксери од 20 земји, а денешната програма започнува во 14 часот со четвртфиналните борби. На распоредот се вкупно 25 пресметки.Македонските бои ќе ги брани и Марија Костовска, која во категоријата од 75 до 80 килограми ќе се соочи со Украинката Ирина Лустак.Полуфиналните борби се закажани за утре од 14 часот, додека големото финале ќе се одржи во недела со почеток во 17 часот.Минатогодишниот освојувач на „Златниот гонг“, Ален Рустемовски, нема да го брани трофејот бидејќи ќе настапи на Европското првенство за боксери до 23 години во хрватскиот Пореч. На истото првенство ќе учествува и неговиот брат Ружди.










