За евро-квалификациите У20 жени во јануари, 19. одбојкарки на поширокиот список

0

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов го објави поширокиот список на репрезентативки на кои ќе смета за јануарските квалификации за Европското првенство 2027.

Македонија ќе биде домаќин на турнир во групата Е во втората рунда од евро-квалификации.

На поширокиот список на селекторот Стојанов се најдоа 19 одбојкарки од седум домашни клубови кои ќе се борат за место во конечниот список од 14. Поголемиот дел од нив се репрезентативки кои настапуваа и во првиот дел, односно Зонските квалификации.

Женската репрезентација до 20 години, во рамките од групата Е од 21 до 23 јануари 2027 година во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе ги пречека Белорусија, Унгарија и Норвешка.

Покрај турнирот во Скопје, во истиот период ќе се играат уште четири турнири низ Европа, од кои победниците во петте групи и двете најдобропласирани втори селекции ќе се најдат на завршницата на ЕвроВолеј 2027 У20.

ПретходноИнтересно: Од напаѓачите само Чурлинов “тресел“ за Македонија!