Марковиќ објави 19 имиња за Европското првенство!

11

Селекторот на македонската женска репрезентација, Игор Марковиќ го објави списокот за подготовките за натсап на Евтопското првенство. Пред да заминат во Клуже, „црвено-жолтите“ ќе учествуваат на меѓународен турнир во Турција, Анкара.

Марковиќ се одлучи за 19 ракометарки, собирот е закажан на ден 22.11.2026 (недела) во 12:00 часот во хотел “THREE CORNERS” Скопје. После завршување на турнирот, предводникот на нашиот најдобар национален тим ќе ги даде последните патници кои ќе ја преставуваат Македонија на ЕП.

Меѓународен турнир во Турција | 27–29 ноември 2026
Распоред на натпревари:
27.11.2026 | 18:45 часот
 Македонија – Финска
28.11.2026 | 16:30 часот
Италија – Македонија
29.11.2026 | 18:45 часот
Турција – Македонија
Што се однесува до Европското првенство Македонија ќе игра со домаќинот Романија, Швајцарија и европскиот шампион Норвешка во групната фаза на 4, 6 и 8 декември.
ПретходноИнтервју со Андријана Зафировска: Спортот може да биде сигурна и долгорочна професија за една жена