Супер-лигата продолжува со два натпревари!

34
Фото: Еурофарм Пелистер

По паузата поради репрезентативните настапи, денеска продолжуваат натпреварите во Супер-лигата. Во рамките на 10. коло, за петок се закажани два натпревари.

Пелистер на домашен терен ќе го пречека ГРК Тиквеш (17:30 часот). Овој натпревар доаѓа по поразот на битолчани од Вардар во вечното дерби. Пелистер има скор од седум победи, едно реми и еден пораз и се наоѓа на третото место на табелата.

Вториот натпревар ќе се игра во СЦ „Билјанини Извори“, каде што ГРК Охрид ќе биде домаќин на Младост.

Во центарот на вниманието во ова коло е градската пресметка меѓу Вардар и Алкалоид, која е на програмата утре со почеток во 18:30 часот, во салата „Борис Трајковски“.

ПретходноСега и потврдено: Покетино е нов стратег на Манчестер Јунајтед! (ФОТО)
СледноТијана Митрева: „Си веруваме, се поддржуваме, и се бориме една за друга“