Салах стана најдобар стрелец во историјата на египетската репрезентација

0
фото: Liverpool FC (X)

Напаѓачот на Трабзонспор Мохамед Салах стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Египет, откако постигна два гола во победата од 5:0 над Малави во квалификацискиот натпревар за Купот на африканските нации. Со тоа, Салах стигна до 70 погодоци на 122 натпревари во дресот на „фараоните“.

На тој начин го надмина досегашниот рекордер и поранешен селектор на Египет, Хосам Хасан, кој има 69 гола на 176 натпревари.

Салах погоди за 4:0 во 84. минута, со што го израмни рекордот на Хасан, а во судиското продолжение од пенал го постигна и својот 70. гол во националниот дрес. Останатите погодоци за домаќините ги постигнаа Насер Махер, Омар Мармуш и Мохамед Хани, сите во првото полувреме.

ПретходноМак-фудбалот завиен во црно: Клубовите и ФФМ се простуваат од Агрон Мемеди!(ФОТО)