Македонскиот фудбал денезска доби уште една трагична вест. Некогашниот македонски репрезентативец Агрон Мемеди, член на стручниот штаб на тетовска Шкендија, почина денеска на 45 годишна возраст.
На Мемеди му се слошило на денешниот тренинг на тимот, колабирал, но починал на пат кон тетовската болница.
Мемеди беше дел од фудбалскиот колектив на Шкендија и со години беше поврзан со клубот, најпрво како тренер во младинската школа, а потоа и како член на стручниот штаб на првиот тим. Неговото име беше дел и од играчката историја на тетовскиот клуб, а имаше и еден настап за нашата фудбалска репрезентација.










