Холанѓанецот Сердар Ѓозубујук ќе го суди дуелот Македонија – Словенија

16

Познати се судиите за натпреварот меѓу Македонија и Словенија, кој ќе се одигра во понеделник, 16 ноември, со почеток во 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во рамките на шестото, последно коло од Лигата на нации.

Главен судија ќе биде Холанѓанецот Сердар Ѓозубујук. Неговите сонародници Патрик Иниа и Рохир Хониг ќе бидат негови помошници, додека четврти судија е Денис Хиглер.

Во ВАР-собата ќе бидат Клеј Руперти и Мартин Фос, исто така од Холандија.

Натпреварот Македонија – Словенија е последен за двете селекции во групата Б1 од Лигата на нации, на кој нашата селекција ќе се обиде да ги освои првите бодови.

ПретходноТрагедија: На 45-годишна возраст почина некогашниот репрезентативец Агрон Мемеди