Не престануваат информациите, најавите, прогнозите, околу способностите, можностите, и иднината на очигледно сега веќе најдобриот млад македонски фудбалер Матеј Гаштаров.
Тоа е момчето околу кое што во моментов кружат многу информации, од секаков тип. Дека има за своите годиште огромен капацитет, потенцијал, талент, и дека се вбројува меѓу најдобрите во Европа во својата возраст.
Па така, на македонскиот репрезентативец и во моментов член на Црвена Звезда, ftalentscout, му поствети цела објава во која што Гаштаров го именува за талент на неделата. Го анализира неговиот играчи профил, неговите бројки, параметри, и му дава индекс од 8.5 од можен 10.
А она што пак нас највеќе ни годи, го сврствува Гаштаров како играчки профил налик на Фабињо, бразилскиот интернационалец со четириесетина настапи за „Кариоките“, во моментов член на Трабзонспор, и со звездата на Арсенал, Деклан Рајс.
Да се надеваме дека Матеј Гаштаров, кој што патем денеска слави роденден ќе ги достигне играчките височини на овие две големи светски фудбалски имиња.
View this post on Instagram










