Момчето кое бргу порасна… Матеј Гаштаров полни 20 години

1
ФОТО: FFM.MK

Македонскиот репрезентативец и интернационалец, Матеј Гаштаров денес полни 20 години. Детето на Вардар кое што својата полна фудбалска афирмација за среќа или за жал ја доживува во белградска Црвена Звезда е роден на 15.11.2006 година.

До неодамна за македонската но и поширока јавноста анонимниот играч се претвори во звезда на еден од најдобрите балкански клубови, во првотимец на некогашниот европски и светски клупски првак, и во стандарден А репрезентативец на Македонија со полна минутажа.

Матеј Гаштаров за нас повеќе не е само талент и надежен фудбалер. Тој е носител на една нова генерација која се надеваме дека ќе оди постапките на онаа која што полека си заминува и со која што ги остваривме најголемите успеси во минатото. Младинското и сениорското Европско првенство.

Момчето кое што израсна на скопските улици, сега ги гази оние белградските. Но и натаму е скромен, питом и насмеан. А на терен, цврст, жесток мотивиран и екстра квалитетен. Не очајува по лош пас, или дури и автогол, не лета во облаци по постигнат гол или екстра асистенција. Матеј Гаштаров е момче за пример. Со кого треба да се поистоветат многу негови врсници… за да разберат како треба.

Навивавме и навиваме за Матеј Гаштаров. Затоа што тој е иднината на македонскиот фудбал. Се радуваме на секој негов успех, и веруваме дека ова е само почеток на една голема и успешна кариера.

 

 

ПретходноТаткото на Јамал: Некои си купуваат острови, а тој им обезбеди домови на мајка си, татко му и баба му