Ова веќе станува пракса на противниците: Словенија нема да одржи тренинг во Скопје

1

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 на Арената Тодор Проески во Скопје го игра последниот дуел од тековната Лига на Нации против селекцијата на Словенија.

Ние се бориме да ги освоиме првите бодови, односно за прв пат во оваа кампања да останеме непоразени, а Словенија има осум бодови и се бори тоа второ место во групата.

Противникот пристигнува денеска попладне и според информациите нема да одржи официјален тренинг на нашиот најголем стадион.

Тоа е пракса која што ја применуваат повеќе наши противници во последно време. Да не тренираат на теренот каде што се игра мечот во Скопје.

Од друга страна пак, Македонија секогаш одработувала на гости ден пред одигрувањето на мечот.

 

ПретходноЛукас Братен со втора победа сезонава