На фудбалската репрезентација на Македонија и преостануваат уште деведесет минути за да во оваа Лига на Нации успее да обезбеди барем бод, откако ги загубивме досега сите натпревари од оваа Б дивизија.
По поразот во Едимбург од Шкотска, го овековечуваме погодокот на Растодер, прв по во оваа кампања но за бод, односно позитива ќе треба да почаме барем до утре.
Македонија на Арената Тодор Проески ја пречекува Словенија, од 20:45 часот во меч во кој што реално и гледаме излез на крајот од мракот наречен „нула“ бодови.
„Жал ми е што ете не можев да помогнам на претходните мечеви. Со Шкотска одигравме добро, немавме среќа, и мислам дека доколку го оствариме она што сме го замислиле и што ни го налага селекторот мислам дека ќе бидеме во ред против Словенија“ – вели Дарко Чурлинов, а се надоврзува Димитар Митровски.
„Словенија е квалитетна, без разлика на повредените. Ние со максимален пристап на терен, со исполнување на задачите да дојдеме до таа посакувана победа“ – рече репрезентативецот кој настапува во Словенија.










