ЛН: Познати два од четирите можни противници на Македонија во баражот за Лига Б

0

Македонската фудбалска репрезентација влегува во последната фаза од натпреварите во Лигата на нации, а со оглед на тоа што сигурно завршуваме како четврти во групата, веќе ги добиваме и можните ривали за баражот за опстанок во Лига Б. Две селекции веќе се сигурни потенцијални ривали на Македонија – Белорусија и Кипар, додека преостанатите две ќе бидат познати утре, по комплетирањето на натпреварите во групите Ц и Д.

Според актуелниот распоред, конкуренцијата за место во баражот е составена од второпласираните репрезентации во групите од Лига Ц. Во групата Ц3, најблиску до баражот е Молдавија, која има седум бода, два повеќе од Фарските Острови. Молдавците во последното коло гостуваат токму кај Фарските Острови и со реми ќе го обезбедат второто место. Доколку домаќините победат, тие ќе ги прескокнат на табелата и ќе станат потенцијален противник на Македонија.

Во групата Ц4, ситуацијата е нешто покомплицирана. Исланд е лидер со 11 бода, додека Естонија има девет. Двете селекции се сигурни меѓу првите две, но сè уште не е познато која ќе заврши на второто место. Естонија гостува кај Бугарија, а Исланд ја пречекува селекцијата на Луксембург.

Бараж-натпреварите ќе се играат во март 2027 година, во два меча, дома и на гости.

ПретходноРоналдињо се врати: Едно полувреме во победата на Равена е само почеток… (ВИДЕО)