Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра последниит дуел од оваа Лига на Нации кампања Б дивизија, против репрезентацијата на Словенија.
Нашиот национален тим се врати од Шкотска, последното пак гостување годинава, каде што загубивме со 2:1.
Конечно постигнавме гол, по стотици минути астиненција од овој статистички податок, но првенецот на Елмин Растодер во националниот тим не ни донесе премногу радост.
Сеуште сме без бодови во оваа кампања.
Селекторот Гоце Седлоски го најавува утрешниот дуел со изјава на официјалната денешна прес конференција. За очекувањата од последниот дуел, за притисокот кој што реално го носи Македонија во моментов, како и за атмоферата пред финалните деведесет минути во нашиот табор.
„После патот, опоравувањето и вечерашниот тренинг, сите засега освен Димитар Митровски се во ред. Тој се пожали малку на повреда, ќе видиме до утре. Дополнителен повик ќе видиме до вечер дали ќе има. Мислам дека мечот против Словенија таму, наши грешки го решија истиот. Против Шкотска, покажавме дека можеме да се носиме со такви селекции. Да, имаа иницијатива, но ние покажавме последните дваесетина минути покажавме дека можеме. Словенија е комапктна, добро се брани. Транзиција добро, добро излегува, се трансформира. Да појачаме ритам, мислам дека дечките ќе покажат карактер утре и ќе дојдеме до трите бода. Ние треба да гледаме ние како ќе изгледаме на терен. Очекуваме да биде отворен меч, со многу шанси, па нека победи подобриот. Ќе има промени секако, тежок меч е зад нас, патување. Мислам дека дечките сфаќаат што барам, филозофијата. Поразите болат, но мислам дека победите ќе дојдат многу бргу. Тие мечеви кои што ги играме на страна, покажаа дека создаваме шанси. Е сега на такви мечеви на гости тие шанси мора да се искористат. Кажаа и Диме и Даре, Словенија е квалитетна. Комапктна, излегува колективно на контра. Составот ќе го знам по тренингот вечер. Не можам да замерам ништо на момците кои што настапија во Шкотска. Ќе одлучам вечер“ – изјави селектоот на Македонија, Гоце Седлоски.










