Томовски со 10 одбрани го запре Мелсунген

1
Фото: daikin-hbl.de

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски и неговиот Битигхајм освоија бод на гостувањето кај Мелсунген во мечот од Бундеслигата кој заврши нерешено 31:31.

Томовски имаше 10 интервенции, со успешност од 40 проценти, и беше меѓу позначајните поединци во составот на гостите. На полувремето домаќините имаа минимална предност од 16:15, но во вториот дел гостите успеаја да се изборат за реми.

Овој резултат е особено важен за Битигхајм, бидејќи со него ја прекина серијата од три последователни порази и конечно стигна до позитивен резултат во германскиот шампионат.

ПретходноЧаирчанки во следната фаза во Европа