Шок и неверување. Предмалку пристигна траорна вест дека починал поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, и член на екипите на Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат, Работнички, Владимир Секуловски.
Секуловски е генерација 1980 година, а во кариерата имаше големи успеси со повеќе македонски прволигаши, освојуваше титули, и Куп трофеји.
По трагедијата која што го погоди Тетово со смртта на Агрон Мемеди пред само два дена, еве сега градот под Шара, еве сега еден од најфудбалските градови во Македонија останува без уште една своја икона.
Нека почива во мир….










