Трагедија во Аргентина: 16-годишен фудбалер почина откако беше удрен со топка во главата!(ФОТО)

0

Аргентинскиот фудбал е во жалост по смртта на 16-годишниот Абел Нуњез, играч на ФК Езеиза. Младиот играч почина во неделата откако претрпе тешка повреда на главата за време на натпревар.
Нуњез беше силно погоден во главата од рикошетирачка топка и падна во несвест на теренот. Медицинските екипи веднаш му укажаа прва помош, по што беше итно префрлен во болница.
Младиот играч беше опериран, но и покрај напорите на лекарите, тој не преживеа.
„Ова е најтешката вест што мораме да ја објавиме како клуб. Со длабока болка и огромна тага, се збогуваме со еден млад човек кој го имаше целиот свој живот пред себе и кој денес остава празнина што е невозможно да се опише“, напиша ФК Езеиза.
Аргентинскиот клуб изрази сочувство до семејството, пријателите и соиграчите на Нуњез.
„Почивај во мир. Секогаш ќе бидеш дел од нашето семејство“.

ПретходноФИФА ќе ги исплати долговите на Палермо кон Несторовски!