Матеја Масев: Чувството да се игра за Македонија е непроценливо

0

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години на наша голема радост на квалификацискиот турнир во Турција, во првите две кола обезбеди две победи со што ја мина оваа фаза. Оди во следната каде што ќе се обиде да стигне до историски успех, а тоа е пласман на Европското првенство.

Утре Македонија го игра последниот дуел, против, домаќинот Турција. Се бориме за што подобро место на табелата, и секако уште еден триумф по оние против Унгарија односно Сан Марино.

Нашите млади репрезентативци се вистински хероји. Почнувајќи од во моментов фантастичниот Стефан Ристиќ, кој на овој турнир постигна четири гола, па се до сите останати. Кој што ги предводи капитенот, Мареја Масев. Стоперот на Црвена Звезда е еден од најквалитетните, ако не и најквалитетен наш млад фудбалер, кој што има полна минутажа како во клубот, така и во националниот тим веќе извесен период.

„Ви благодарам многу за честитките! Овој успех ни значи многу на сите, особено што ова е наше прво европско натпреварување. Напорно работевме и се подготвувавме за овие натпревари. Сметам дека имаме навистина добра генерација и одлична атмосфера во тимот. Среќни сме што остваривме напредок, но не сакаме да застанеме тука и се надеваме дека ќе продолжиме со добри резултати“ – вели Масев за СпортСпорт, па додава.

„За мене е голема чест да бидам капитен на Македонија. Посебно чувство е да ја претставуваш својата земја, а уште поголема одговорност е да бидеш капитен. Мило ми е што селекторот и соиграчите имаат доверба во мене. Се трудам секогаш да го дадам својот максимум и да го поддржувам тимот, како на теренот, така и надвор од него“ – вели младиот дефанзивец, па поентира со одговор на прашањето како е да се биде првотимец на Црвена Звезда, и да се има одговорноста на лидер на националниот тим.

„Искрено, убаво е да се слушне кога некој ве смета за голем талент. Тоа навистина многу ми значи и ми дава уште поголема мотивација. Но, знам дека ова е само почеток и дека имам уште многу да работам и да учам. Се разбира, постои одреден притисок, но се трудам да не размислувам премногу за тоа. Го сакам фудбалот, уживам во она што го работам и давам сè од себе за секој ден да бидам подобар“ – вели синот на некогашниот македонски интернационалец и репрезентативец, Дени Масев.

 

 

ПретходноМурињо донесе одлука: Двајца играчи на Реал пречкрта, Ендрик останува