Македонија ги дозна сите можни ривали за баражот во Лигата на Нации

0

Иако уште не е ни почнат мечот меѓу Македонија и Словенија, сепак познати се сите можно ривали на нашата селекција за баражот за опстанок во Б Лигата на Нации. Откако завршија мечевите и во Ц Лигата на Нации вечерва, сега се познати сите четири можни противници, а кој ќе биде еден од нив ќе дознаеме во петок од 12 часот за кога е закажана ждрепката.

Една од селекциите на Белорусија, Кипар, Ф.Острови и Естонија ќе и биде ривал на Македонија во бараж двомечот кој се игра на 25-30 март 2027 година.

Познато е дека овие четири селекции завршија како втори во своите групи во Ц Лигата на Нации.

ПретходноПознати се стартните состави: Седлоски тргнува со Растодер, Чурлинов, Елмас во нападот, го нема Дориев