СпортСпорт дознава: Чеферин вечер ќе го следи дуелот во Скопје

1
ФОТО: UEFA.COM

Како што дознава СпортСпорт, на вечерашниот натпревар од Б Лигата на Нации меѓу Македонија и Словенија ќе има посебен или специјален гостин. Тоа ќе биде претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Познато е дека овој меч за гостите ќе биде од пресудно значење за обезбедување на второто место во групата 1 како и за вториот барабан за ждрепката за пласман на ЕП која ќе се одржи на 6 декември.

Познато е дека Чеферин е голем пријател на Македонија и на мак – фудбалот, тој оваа година веќе беше во Скопје.

Колку за потсетување тој е голем пријател на Македонија и голем поддржувач на мал – фудбалот уште од времето на Илчо Ѓорѓиски и Супер Купот во 2017 во Скопје.

Во негово време Македонија се пласираше на ЕП 2017 за младинци и на ЕП 2021 за сениори и во негово време Вардар и Шкендија обезбедија пласман во групната фаза во Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

ПретходноЃоковиќ и понатаму далеку од врвот – Зверев ја зголеми предноста