Дени Илиев се враќа во Англија, ќе игра во Лига 2

0

Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев има нов клуб. Англискиот четвртолигаш Кроули Таун го ангажираше како слободен играч, откако претходно Илиев беше без клуб.

Според англискиот портал „The 72“, трансферот сè уште е најавен како очекуван, а не како официјално потврден. Илиев има 31 година и последно настапуваше за романскиот Рапид Букурешт.

За Илиев ова ќе биде враќање во англискиот фудбал, каде што претходно беше дел од Шрусбери Таун, како позајмен играч од Арсенал. Кроули Таун се наоѓа во тешка ситуација, на дното од Лига 2, и се надева дека македонскиот голман ќе донесе поголема сигурност меѓу стативите.

ПретходноФеникс ги запре Денвер и Јокиќ, прв домашен пораз на Бостон