Митревски: Беше вистинско уживање да се победи еден бундес-лигаш

1

Еурофарм Пелистер дојде до првата победа во Европската лига, откако на домашен терен славеше против Губерсбах од 29-28. Македонскиот тим ги врати шансите за пласман во главната рунда, сега има три бода колку Ла Риоха, еден помалку од германскиот тим, додека лидер на табелата е Гдањкс, кој има шест бода.

Победата не беше било каква, после пауза од 32 години конечно падна една бундеслигашка екипа во Битола. После ден пат Пелистер на домашен терен славел против Легмо во 1996 година.

Фановите на Пелистер уживаа во одлична ракометна пресметка за која се погрижија избраниците на Лино Червар, иако на полувремето имаа негатива од пет гола не се откажаа, на крилата на неверојатниот Никола Митревски и неговите 15 одбрани приредија пресврт и заслужено се радуваа.

„Прекрасно, уживање беше да се игра ваков натпревар, пред ваква публика. Голема благодарност за сите присутни, особено до навивачката група „Чкембари“ која нè бодреше од почеток до крај.

Денес успеавме да се кренеме, имавме шанси и во првото полувреме, но во второто одигравме како што сакаме и како што знаеме. Честитки за противникот за фер и коректниот натпревар, а исто така честитки и за моите соиграчи. Беше вистинско уживање на ваков начин да се победи еден бундеслигаш“, рече Митревски.

ПретходноСпектакл во Кардиф, а Халанд во 90+6. минута со гол од пенал ја расплака Данска